Околу 53 милиони работни места во Европската унија ќе бидат роботизирани до 2030 година, што би можело да се забрза поради пандемијата на корона вирус. Заради тоа, повеќе од 20% од работната сила ќе бидат приморани да се здобијат со нови вештини и преквалификациии, покажаа резултатите од истражувањето на глобалниот институт McKinsey за иднината на работата во Европа и влијанието на Kовид-19 и автоматизацијата врз вработеноста во ЕУ.
Во извештајот се наведува дека скоро 59 милиони луѓе во ЕУ, или 26% од вкупниот број на вработени, би можеле nна краток рок да се соочат со економски последици од рестриктивни мерки, како намалување на работното време и платите, или привремено или трајно прекинување на работниот однос.
Кризата со „Ковид-19“ има силно влијание врз пазарите на труд во ЕУ, но пандемијата не е единствената причина за промена и обликување на иднината на работата во Европа.
Работните места што се загрозени како резултат на пандемијата , како и автоматизацијата, се разликуваат по сектори, но најголем број работни места кои се под ризик се во три области – трговија, производство и угостителство.
Бројот на работоспособно население во Европа ќе се намали за околу 13,5 милиони, или околу 4% до крајот на деценијата, а падот ќе биде особено изразен во Германија со околу четири милиони и Италија со околу 2,5 милиони помалку работници.
Автоматизацијата и замрзнувањето на одредени економски активности, кои ќе се одвиваат со различна брзина, ќе доведат до намалување на бројот на работни места и забрзување на процесот на создавање нови професии.
Ковид-19 би можел, од една страна, да го забрза преминот на работната сила на нови работни места за кои се потребни различни вештини, а од друга страна, кризата со вирусот може да ги продлабочи разликите меѓу повеќе и помалку образовани работници, но и меѓу земјите на ЕУ.
Во Извештајот се наведува дека околу 50% од Европејците живеат во стабилни економии кои привлекуваат нови жители, дека европските области што сочинуваат дом на околу 30% од Европејците се соочуваат со опаѓање на работоспособното население заради имиграцијата или стареењето, а останатите 20 % имаат динамичен раст и најголем БДП по глава на жител.