Лагард: Следи скратување на синџирите за снабдување и голем раст на дигитализацијата

Коронавирусот длабоко ќе ја промени глобалната економија, вели ЕЦБ
Економската криза предизвикана од коронавирусот ќе предизвика длабокиа промени во глобалната економија кон поголема екологија и дигитализација и различни начини на работење, изјави претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард.

“Кризата ќе ги забрза трансформациите кои веќе беа латентни во нашите економии. Искуството од изминатите неколку месеци, во производството, трудот и трговијата, веројатно ќе донесе еволуција кон поодржлив и поеколошки начин на живот”, смета Лагард, додадавaјќи дека заради забрзаната дигитализација на услугите и зголемената автоматизација во индустриите, ќе следуваат промени и трансформации на начините на коишто се работи.

Според проценките кои ги изнесе Лагард, кризата ќе доведе до контракција на околу 35% од синџирите за снабдување и зголемување од околу 70% до 75% на роботизацијата.

Покрај тоа, смета Лагард, онлајн деловната активност се зголеми и овој тренд се очекува и понатаму да расте, на штета на потрадиционалната трговија.

Според Лагард, Европа е во одлична позиција да се приклучи на оваа транзиција. “Континентот ja има најголемата светска циркуларна економија и силен сектор за еколошка иновација, додека во исто време еврото е прва валута што се користи за издавање зелени обврзници.
Сепак, тоа не би било доволно и ќе треба да се воспостави рамка за економска политика што дозволува да се мобилизира потребното финансирање, според Лагард.