Македонија лани извезла смрзнат зеленчук во вредност од 7 милиони долари, Србија седум пати повеќе

Во текот на изминатата година македонските прехранбени компании извезле смрзнат зеленчук во вредност од 7 милиони долари, кој бележи годишен пад од 13%.

Според вредноста на извезениот смрзнат зеленчук, Македонија е на 43 место на листата на најголеми светски извозници според Worldtopexport.

Од земјите во регионот најголем извозник на смрзнат зеленчук е Србија, која минатата година имала седум пати поголем извоз од македонскиот, во вредност од 52,2 милиони долари.

Грција минатата година ивезла смрзнат зеленчук  во вредност од 23 милиони долари, следи Бугарија со извоз во вредност од 19,3 милиони евра, Словенија со извоз од 9,3 милиони долари и Хрватска со извоз од 7,7 милиони долари.

На светско ниво, извозот на смрзнат зеленчук во 2019 година изнесувал 6,6 милијарди долари, што е раст од 14,2% во споредба со претходната година.

Најголем извозник во светот е Белгија, која лани имала извоз вреден 1,21 милијарда долари. Следат Кина со извоз од 1,2 милијарди долари, Шпанија со извоз од 718 милиони долари, Мексико со 495 милиони долари и Полска која лани извезла смрзнат зеленчук во вредност од 353 милиони долари.

Дури 56% од смрзнатиот зеленчук во светот отпаѓа на смрзнати брокула, морков и печурки. Следат мешавините од смрзнат зеленчук, смрзнат грашок, пченка, спанаќ, компири….