Taiwan Semiconductor Manufacturing Co Ltd (TSMC), најголемиот производител на компјутерски чипови објави дека ќе гради фабрика во САД вредна  12 милијарди долари, објавува Ројтерс.

Според првичните информации, станува збор за изградба на фабрика во сојузната држава Аризона, во која ќе се произведуваат напредни и брз компјутерски чипови.

“Фабриката ќе отвори 1.600 работни места и ќе произведува најсофистицирани 5 нанометри чипови”, се вели во соопштението на TSMC.

Компанијата со седиште во Тајван соопшти дека изградбата се планира да започне во 2021 година, a производство започне во 2024 година.

Овој потег на светскиот најголем производител на чипови се смета како голем успех на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, која во изминатиот период беше вопреговори со неколку производители на чипови за да преселување на фабриките во САД, посебно за оние чипови кои ќе бидат наменети за клучните американски индустрии.

Поврзани вести

>>> Трамп преговара со производителите на чипови за враќање на производството во САД.