Кризата КОВИД-19 ги засили длабоките дефекти во функционирањето на глобалните синџири на вредности (GVCs) и ја откри кревкоста на моделот кој се карактеризира со голема меѓузависност помеѓу водечките фирми и добавувачи лоцирани на повеќе континенти, се посочува во најновиот извештај на Unctad.
Сето тоа во време кога навременото производство на критични производи е поважно од кога и да е, во услови на пандемија што заклучи огромни делови на планетата и досега невидено ограничување на економските активности.
Трендовите во технологијата и глобализацијата и регулаторната рамка воспоставена од раните 90-ти години на минатиот век, поттикнаа огромно префрлање на многу активности и процеси со ниска вредност и чувствителни на плати, кон на дното на синџирите на вредности, односно кон економиите во развој со ограничени производствени капацитети.
Одн друга страна, нематеријалните задачи како што се истражување и развој, дизајн, маркетинг и брендирање, засновани врз уникатни ресурси и можности кои тешко се стекнуваат, во голема мера останаа да се извршуваат во матичните држави, генерирајќи супериорни приноси.
Постојаната неизвесност поврзана со поместувањето на епицентарот на пандемијата од регион во регион и паралелната нестабилност што влијае на трошоците на производството, го отежнаа обновувањето на бизнисот во глобални размери, што ги натера многу фирми да ги намалат или забават своите производни активности.
Во исто време, привремениот бран на поголема побарувачка за одредени критични производи не беше следен со зголемена понуда. Бидејќи, според сегашниот модел, драматичните промени во обемот на производството не може лесно да се случат. За тоа сведочи недостигот на многу потребни производи како маски и вентилатори.
Автоматизацијата создава нови можности за текстонски промени
Уште пред да се слчи Ковид 19, четвртата генерација на технологии во индустријата 4.0, веќе поттикнуваа реорганизација на глобалните синџири преку значително преместување и реконструкција на производните активности.
Од перспектива на компаниите, индустријата 4.0, особено автоматизацијата, овозможија нови технологии за заштеда на трошоците за работна сила, што потенцијално може да ја намали зависноста од работна сила со ниски вештини во производството и, според тоа, да ги намали придобивките од работните места и производните погони во странство.
Автоматизацијата, исто така, има важни импликации врз глобалната географија на производството, бидејќи синџирите на вредности можат да станат порегионални по природа, приближувајќи се кон потрошувачките пазари.
Ковид 19 ќе ги зајакне трендовите за преместување на производството
Соочувањето со Ковид 19 може да ги забрза некои од овие трендови. И автоматизацијата и реалокацијата овозможуваат пофлексибилно прилагодување на промените во побарувачката, ублажувајќи ги ризиците на фирмите во случај на следна пандемија или други надворешни шокови.
Понатаму, нарушувањата во синџирот на снабдување и патувањата предизвикани од Ковид 19 може да ја нарушат економската интеграција и да поттикнат самодоволни економски системи, барем во стратешките сектори како што се медицинска опрема и лекови или производство на делови за составување на софистицирани машини, со оглед дека нивното финално производство сè уште се случува во земјите со високи плати.
Оваа тенденција се рефлектира во растечкиот број на привремени забрани за извоз и ограничувања на критичните добра донесени од бројни земји по избувнувањето на пандемијата.
Затоа, не е изненадување што повеќето аналитичари се согласуваат дека сегашната пандемија ќе ги зајакне трендовите за преместување и реалокација (reshoring).
Бидејќи во услови кога повеќето економии се под целосна или делумна блокада, како и пад во трговијата и инвестициите, иднината на офшорнгот е неизвесна.
Светската трговска организација СТО предвидува пад на трговијата од 13% до 32%, додека Unctad проценува намалување на странските директни инвестиции од 30% до 40% во текот на 2020 и 2021 година.
Сепак овие процеси и промени нема да се случуваат преку ноќ.
Додека мултинационалните корпорации сигурно ќе ги преиспитаат своите стратегии и ќе дадат уште поголема важност за автоматизацијата и повторното унапредување за да ги ублажат ризиците, малку е веројатно дека сите синџири на снабдување ќе бидат автоматизирани, барем во блиска иднина.
Автоматизацијата на одредени компоненти можеби не е изводлива, па дури и пожелна, на пример, поради недостиг на квалификувани работници.
Во други случаи корпорациите сметаат дека е економски попрофитабилно да ги одржуваат своите производствени капацитети близу до (новите) крајни пазари, каде што трошоците за работна сила се ниски, а понудата на работници што можат да работат со сложени машини не е доволна за направи автоматизација одржлива.