Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) почна програма за бесплатно онлајн учење и советување за микро, малите и средните компании кои се соочуваат со економска криза од пандемијата со корона вирусот.
Програмата ќе се фокусира на пет клучни столбови во бизнисот: кризен менаџмент, клиенти и добавувачи, основи на финансиски менаџмент, финансирање на вашата компанија, вашите вработени и клучниот капитал и предизвици на управувањето и лидерство.
Оналјн обуките се достапни на англиски, арапски, руски, турски и украински јазик, и истите ќе понудат и специфични локални информации за финансиската помош достапна од владите и банките во 30 земји каде што е ЕБОР присутна.
Првите два модули Кризен менаџмент: „Вашите клиенти и добавувачи“ и „Основи на финансиски менаџмент“ се веќе достапни на https://www.ebrdknowhowacademy.com/learn каде и што може да се погледне целата програма.
„Во текот на следниве месеци ЕБОР во соработка со партнерските банки и здруженијата за поддршка на бизнисите ќе ја лансира програмата во 30 земји, со цел да биде достапна до повеќе од 10.000 луѓе од ММС компании нудејќи обуки, споделување на знаење и експертски совети“ информираат од ЕБОР.
Во регионите каде што работи ЕБОР иницијативата е финансирана од Европската Унија (вклучувајќи го и Европскиот инвестициски советодавен хаб), Казахстан и Импакт фондот за мали бизниси на ЕБОР (Италија, Јапонија, Кореа, Луксембург, Швајцарија, Шведска, УСА, Таипеи Кина).