Странските компании кои сакаат да ги преместат своите производствени процеси надвор од Кина по појавата на коронавирусот, може да се соочат со трошоци од илјада милијарди долари во текот на следните пет години, покажа новата студија на Bank of America (BofA).
Сепак, Банката тврди дека ваквиот потег долгорочно ‘ќе им донесе корист на компаниите.
Дури и пред пандемијата, истражувањата на аналитичарите од Bank of America откриле дека компаниите се свртуваат од глобализацијата кон полокализиран пристап кога станува збор за нивните синџири на снабдување.
Ова се должи на мноштво фактори кои ја загрозија синџирите на снабдување, вклучувајќи ги трговските спорови, националните безбедносни проблеми, климатските промени и порастот на автоматизација.
Новата студија на Bank of America посочува дека пандемијата на Ковид-19 го катализирал пресвртот на повеќедеценискиот тренд на префрлување на производството од САД и Европа во Кина.