Производителите во земјите од Европската унија се погласно предупредуваат дека ќе има недостаток на свежо овошје и зеленчук годинава бидејќи пандемијата на коронавирус го попречува глобалното движење на производите и на луѓе кои се потребни за да се соберат земјоделски култури.
Владите бараат начини да го намалат недостатокот на свежи производи, меѓу кои се и воведување на „зелените канали“ за да се овозможи свежите производи да се движат побрзо преку границите на ЕУ, регрутирање на берачи и олабавување на правилата за патување за за мигрантите.
Додека европските супермаркети велат дека сè уште добиваат производи, притисокот на снабдување секојдневно се зголемуваат, вклучително и во Африка, која е клучен снабдувач на свежи производи во Европа. Продавниците кои веќе се соочуваат со зголемено купување можат да се соочат со проблеми да ги одржат полиците полни.
Во Кенија, главен снабдувач на боранија и грашок во Европа, половина од работниците во овој сектор се испратени дома на задолжителен одмор заради неможноста на индустријата да ги испорача и транспортира нарачките, и покрај тоа што расте побарувачката од европските трговци.
Испораките од Јужна Африка, која е исто така еден од главните снабдувачи, стануваат секојдневно се повеќе проблематични посебно заради фактот што земјата одлучи да започне со 21-дневен карантин оваа недела.
„Бевме во разумна добра форма до почетокот на оваа недела, но сега работите стануваат многу тешки“, вели Ханс Мујлерт-Гелеин, директор на Fruits Unlimited, јужноамериканска комапнија за извоз на зеленчук и овошје во Велика Британија.
„Се повеќе и повеќе летови се приземјуваат, па очекувам дека ќе има големи нарушувања“.
Оние карго авиони кои летаат наплатуваат повисоки цени. Операторите тројно ја зголемија цената за килограм производ на 3 долари во изминатите две недели, вели Хосеа Мачуки, раководител на Здружението на извозници на свежи производи на Кенија, кое претставува 117 одгледувачи и извозници.
Западните ланци на снабдување се соочуваат и со многу други проблеми, меѓу кои и со недостиг на возачи на камиони, ограничувања на поморските транпорти и логистика.
Дури и при транспортот на подолготрајните производи како агруми, кои обично се транспортираат преку море, може да има големи застои заради недостигот на контејнери поврзани со карантинот во Кина.
Посебна зголемена е побарувачката на портокали и лимони, моркови, зелка…