Еврото е еден од победниците во корона кризата . Спротивно на тоа: доларот покажа необични слабости од избувнувањето на пандемијата.
Еврото за кратко време вредеше скоро 1,20 долари во текот на неделата. Во четвртокот цената беше 1,18 долари. Валутата последен пат се движеше над границата од 1,20 на почетокот на 2018 година.
Ова е особено алармантно за германските извозници. „Нашата индустрија, исто така, ќе го почувствува ова со оглед на веќе напнатата економска состојба“, вели Ралф Вичерс, главен економист во Здружението на германски механички инженеринг (VDMA), објавува германски Handelsblat.
Aпрецијацијата на сопствената валута е дополнителен товар за германските извоници. Продажбата е дополнително забавена и тие се принудени цените да ги намалуваат, што ги намалуваат продажбата и профитот.
Наспроти тоа, големите, глобално застапените американски корпорации имаат корист на многу начини од намалената вредност на доларот.
Покрај германските производители на машини, погодени се и автомобилските компании, кои се особено зависни од извозот и затоа се подложни на релативно високи валутни ризици.
По Кина, САД е втор по важност пазар за германската индустрија надвор од Европа.
Секоја година, Фолксваген, Дајмлер и БМВ испраќаат повеќе од 650.000 автомобили во Америка кои претходно се произведувале и склопувале во нивните европски погони. Трошоците за производство за овие возила главно се направени во евра, додека продажбата се генерира во долари.
Доколку доларот остане на сегашното ниско ниво, може да стане поскап за германските производители за автомобили, зголемувајќи го валутниот товар за компаниите за дополнителни 200 до 500 милиони евра, со што тие ќе станат понеконкурентни.