Телеком Словенија ќе воспостави тестна 5G мрежа во пристаништето Копер, која ќе биде наменета за развој и тестирање на разни решенија од областа на логистиката.

Проектот е кофинансиран од програмата на ЕУ Хоризонт 2020, а слични решенија ќе се тестираат и во пристаништата Хамбург и Пиреја.

Во пристаништето Копер, мрежата 5G ќе се користи за тестирање на кориснички искуства во областа на безбедноста на пристаништето, подобрување на оперативните процеси и заштита на животната средина.

Најновата генерација на безжична технологија овозможува подобро покривање на областа и побрзо пренесување на поголеми количини на податоци, како што се видео и фото материјал. Со тоа се олеснува контролата на безбедноста и брзината на претовар и се воспоставува контрола на потрошувачката на електрична енергија, што овозможува поголема енергетска ефикасност.

Воспоставувањето на тестната 5G мрежа во пристаништето Копер е дел од европскиот проект 5G-Логин, во кој се вклучени 15 партнери од повеќе европски земји, а делумно е кофинансиран од Европската унија.
Проектот ќе трае три години и се очекува да биде завршен во септември 2023 година.

Извор: Seebiz.eu