Соединетите американски држави (САД) се најголемиот извозник на пченка во светот во 2020 година, покажуваат податоците на американското министерство за земјоделие.
САД во текот на изминатата 2020 година извезле речиси 68 милиони тони пченка , што претставува околу 36% од светскиот извоз.
По САД, како најголеми извоизници следуваат Бразил, Аргентина, Украина .
Соседна Србија била петти најголем извозник на пченка минатата година и продала 3,5 милиони тони пченка на странските пазари или 1,87% од вкупниот светски извоз.
САД, Бразил, Аргентина и Украина учествувле со речиси 88% од светскиот извоз на пченка во 2020 година.