Долгогодишниот деловен партнер на винаријата „Стоби од Кина донираше 32.000 заштитни маски. За вработените во „Стоби“ се испратени 2.000 заштитини маски, а преостанатите 30.000 ќе бидат наменети како донација за граѓаните на Македонија.
Тие 30.000 маски кои кинескиот партнер ги донираше за граѓаните на Македонија, се во Министерството за надворешни работи и според нивните протоколи ќе бидат распределени онаму каде што се најмногу потребни.
Винаријата „Стоби“ и кинескиот партнер бележат исклучително успешна меѓусебна соработка и подем во пласман н амакедонско квалитетно вино на кинескиотпазар.
Во последниве пет години е забележана продажба на 2.000.000 шишиња на тојпазар, со континуиран раст на продажбата. За допирот на македонската винска приказна на далечниот исток , како и успешниот деловен резултат несомнено дека најмногу придонесуваат над 20 „Стоби“ брендирани продавници во неколку градови низ Кина.
Ваквите резултати ја вбројуваат винаријата „Стоби“ како еден од најголемите извозници на вино од Македонија во Кина.