Стопанската комора на Србија денеска стартуваше нов проект наречен „Создавано во Србија“, како еден од начините за да се помогне и промовира српската економија.

Претседателот на српската комора Марко Чадеж за РТС објаснува дека не станува збор за едноставна кампања што се занимава со промоција на домашни производи, туку сосема нова филозофија.

Создаден е колективен печат или жиг наречен „чуваркуќа“, кој ќе означува не само дека еден производ е произведен во Србија, туку и дека над 80% од вложените знаење, тру и суровини се домашни.

Според него, ова е нова филозофија за купувачите, затоа што тие ќе знаат дека многу домашни добавувачи се вклучени во некој производ, а на тој начин се создаваат пари за реновирање на училиштата.

“„Зошто би увезувале нешто ако имаме ист квалитет тука? Тоа е „чуваркуќа“ и на тој начин ја чуваме куќата “, вели Чадеж.