Глобалната трговија покажува знаци на закрепнување, заради што и Светската трговска организација (СТО) ја ревидира нагоре својата прогноза за обемот на трговијата оваа година. Но, предупредува дека секој постигнат краткорочен напредок мора да биде проследен со претпазливост, бидејќи ефектите на Ковид-19 врз трговијата се сеуште видливи.

Во новиот извештај, СТО предвидува пад на обемот на светска трговија со стоки од 9,2% оваа година, проследено со пораст од 7,2% во 2021 година.
Ова е значително подобро од проценката на СТО на почетокот на пандемијата кога предвидуваше пад на глобалната трговија на стоки од 13% до 32%.

Меѓутоа, СТО апелира на претпазливост во однос на својата најнова прогноза бидејќи „е предмет на невообичаено висок степен на несигурност, бидејќи проценките на економистите на СТО, зависат од еволуцијата на пандемијата и одговорите на владите на неа“.
Извештајот ги наведува силните трговски перформанси во јуни и јули кога блокирањата ширум светот на економската активност се зголемија како причина за промената на прогнозата.
„Растот на трговијата со производи поврзани со Ковид-19 беше особено силен во овие месеци, покажувајќи ја способноста на трговијата да им помогне на владите да ги добијат потребните материјали“, се вели во извештајот.

Но, извештајот предупредува дека темпото на оваа експанзија може нагло да се намали откако ќе се исполни побарувачката и ќе се пополнат залихите.
Во него се вели дека се можни повеќе негативни резултати ако има возобновување на Ковид-19 во последниот квартал од годината.
„Дали закрепнувањето може да се одржи на среден рок, ќе зависи од силата на инвестициите и вработувањето. Двете би можеле да бидат поткопани ако довербата е нарушена од новите избувнувања на Ковид-19, што може да ги принуди владите да воведат дополнителни блокади“, наведува СТО.

Во поголем дел од Европа, бројот на инфекции се зголемува, со нови ограничувања воведени во многу земји, вклучувајќи ги Франција, Шпанија и Велика Британија.
Во меѓувреме, случаите во голема мера се намалуваат во Северна Америка и многу земји од Јужна Америка, како и низ Африка. Сепак, со оглед на природата на вирусот и недостаток на тестирање на некои земји, вкупниот број на јавно регистрирани случаи не го одразува реалниот број на заразени.

Ковид-19 „уништи“ делови од трговијата

Истражувањето на СТО исто така открива дека пандемијата ја „уништи“ трговијата во одредени области, додека ја поттикна трговијата со други.
Трговијата со земјоделски производи падна за 5% во вториот квартал во споредба со првиот квартал, но остана еластична со произведената и испорачаната храна дури и под најстрогите услови на карантин.
Во меѓувреме, трговијата со горива и производи за рударство падна за 38%, откако паднаа цените и побарувачката.
Генерално, трговијата со забележа најголем пад на месечно ниво во вториот квартал, паѓајќи за 14,3%, а влијанието е многу различно во регионите. Најголемите месечни падови во вториот квартал се забележани во Европа и Северна Америка, со пад на извозот за 24,5% и 21,8%.
Во меѓувреме, извозот од Азија беше многу помалку погоден во истиот период, опаѓајќи за 6,1%.
Во исто време, увозот е намален за 14,5% во Северна Америка, 19,3% во Европа и само 7,1% во Азија.
Јасно е дека некои региони – како што е Азија – напредуваат подобро од другите.