Земјата има за цел да ги испорача турските производи на глобалните пазари на најбрз, најефикасен начин, рече министерот за трговија
Турција планира да формира логистички центри во стратешки важните региони во Африка, Америка, Европа, Русија и на Далечниот Исток, изјави министерката за трговија Рухсар Пекџан.
“Целта заради која се формираат овие логистички центри е да се испорачаат турските производи на глобалните пазари на најбрз и најефикасен начин”, изјави Пекџан.
Еден од главните приоритети на Турција е да се создадат неопходните инфраструктурни објекти кои ќе ги зголемат перформансите на извозот на важните пазари, додаде Пекчан.
Логистичките центри опфатени од министерството ќе добиваат поддршка од државата во период од пет години. На оние со просечна стапка на искористеност на капацитетот од најмалку 50% во последните три години ќе им биде дадена дополнителна поддршка до пет години.
Сепак, вкупното времетраење на поддршката не може да надмине 10 години, додаде Пекџан.
Исто така, турските власти ќе ги поддржуваат овие центри и за трошоци како трошоци за лиценца и дозвола, царинење, управување со залихи, промоција и маркетинг активности.
Извор: Anadoly Agency