Mеѓународната трговија се очекува да се намали за 27% во второто тримесечје годинава, а 20% во целата 2020 година , бидејќи поголемите сектори, меѓу кои автомобилската и енергетската индустрија, бележат големи падови како последица на кризата која ја предизвика пандемијата со Ковид 19, соопшти Агенцијата на Обединетите нации за трговијаи разво (УНКТАД).
Во Извештајот на УНКТАД се посочува дека трговијата во автомобилскиот и енергетскиот сектор доживеала колапс, додека трговијата со земјоделско-прехранбени производи е стабилна.
Според извештајот на УНКТАД, трговијата во земјите во развој бележи огромен пад во април, кој е поголем отколку во развиените земји.
Извозот на земјите во развој бележи пад за 18% во април, додека нивниот увоз има пад од 19%..
УНКТАД исто така констатира дека перформансите на Кина биле подобри од другите големи економии, при што кинескиот извоз се зголемил за 3,5% во април, но предупредува дека закрепнувањето може да биде краткотрајно, бидејќи кинескиот извоз бележи пад од 3,3% во мај.