Цените на нафтата се искачија над 70 долари за барел, откако ОПЕК и неговите сојузници прогнозираа поголема побарувачка и зголемено производство како последица на глобалното економско заживување кое ги зголеми цените на широк спектар на суровини.
Суровата нафта „брент“, меѓународниот репер за енергетика, се зголеми за 1,3% на 70,25 американски долари за барел, достигнувајќи го највисоката цена од мај 2019 година. Фјучерсите на West Texas Intermediate поскапеа за 2,1% до 67,72 долари за барел, што е највисоко ниво од јуни 2018 .

Членовите на Организацијата на земјите извознички на нафта и нивните сојузници, група позната како ОПЕК +, во вторникот се согласија на претходно планираното зголемување на производството од околу 450.000 барели на ден, почнувајќи од следниот месец.
Во меѓувреме, Саудиска Арабија се согласи да продолжи со олеснување на одделните, еднострани намалувања на еден милион барели дневно што ги воведе на почетокот на оваа година.

Во април, групата се согласи да го зголеми производството за повеќе од два милиони барели на ден до крајот на јули, со што кумулативните додатоци во изминатата година достигнаа околу четири милиони барели на ден.
Ова е голем дел од 9,7 милиони барели дневно, кои групата се согласи да ги скрати на почетокот на 2020 година, кога коронавирусот првпат започна да ги затвора економиите, намалувајќи ја глобалната побарувачка на сурова нафта и ја сруши цената на нафтата.

Сега, со намалените инфекции во најголемиот дел од Азија и Кина – најголемиот потрошувач на нафта во светот – и забрзаното вакцинирање во САД и Европа, ОПЕК и групата производители на нафта предводени од Русија, се подготвени повторно за поголемо производство.

Побарувачката за нафта и други стоки ги отсликува огромните промени во глобалната економска активност за време на пандемијата. Таа остро падна кога големите делови од глобалната економија беа затворени во текот на вториот квартал од минатата година, но побарувачката за нафта се врати откако многу економии забележаа раст во последните неколку месеци.

Побарувачката ќе се зголеми уште повеќе оваа година, бидејќи се предвидува глобалната економија да забележи едно од своите најбрзи зголемувања во последните неколку децении. Организацијата за економска соработка и развој во понеделникот соопшти дека очекува глобалното производство да се зголеми за 5,8%, што би било најсилен раст од 1973 година.

Поскапувањето на нафтата на светските берзи ги зголемува и цените на нафтените деривати во Македонија. Вчера Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за поскапување на цените за 0,62% или за половина денар, со што бензините сега се продаваат по цена од 67,50 денари за литар Еуросупер 95, 69,50 денари за литар Еуросупер 98 и 60 денари за литар дизел гориво.