IFC лансира дигитална платформа што ќе ги зголеми врските помеѓу фирмите од Западен Балкан и регионалните и глобалните синџири на вредности, што е дел од напорите на IFC да создаде работни места и да го поддржи економското закрепнување на регионот од пандемијата со Ковид 19.

Имплементирана во партнерство со Швајцарскиот секретаријат за економски прашања SECO, иницијативата е дел од програмата на IFC во Србија, Косово и Северна Македонија, што се очекува да обезбеди 45 милиони долари за финансирање на производствени фирми. Ова исто така вклучува 5 милиони во странски директни инвестиции и поддршка за зголемување на работните места со повисока вредност.
Ковид 19 создаде притисок врз производителите низ Западен Балкан и програмата е дизајнирана да создаде нови можности за фирмите, забрзувајќи го закрепнувањето од пандемијата.

„Денес производството е втор по големина сектор за вработување во сите земји од Југоисточна Европа и трет најголем придонесувач за бруто домашниот производ. Се проценува дека лесното производство обезбедува работни места за 200.000 луѓе само во Србија, а над 70% од овие вработувања се генерирани од мали и средни претпријатија (МСП)“, рече Лилиана де Са Кирхнопф, раководител на Секторот за развој на приватниот сектор на SECO.
„Преку промовирање на економската интеграција на производствениот сектор на Западен Балкан и во рамките на регионот и со глобалните синџири на вредности, СЕКО има за цел да придонесе за создавање на повеќе и подобри работни места за локалните работници и зголемување на приходите од продажба на малите и средни претпријатија.

Производителите од Западен Балкан се обидуваат да влезат во глобалните синџири на снабдување во последната деценија, но не сите имаат капацитет и вештини да создадат врски со меѓународни фирми. Оваа нова дигитална платформа што ги поврзува производителите со инвеститори, купувачи и добавувачи се развива заедно со Achilles, со седиште во Велика Британија, која е глобален снабдувач на платформи.

Програмата ќе се фокусира на домашните производители во различни сектори, вклучувајќи автомобилска, индустриска машинерија, земјоделска механизација и лесно производство.

„Како што излегуваме од кризата предизвикана од Ковид 19 , Западен Балкан има можност да привлече нови приватни инвестиции, да создаде квалификувани работни места и да ги зголеми приходите“, изјави Ари Наим, регионален менаџер на IFC за Централна и Југоисточна Европа. „Со оваа програма имаме за цел да ги поврземе малите и средни претпријатија од регионот со глобални и регионални синџири на вредности, помагајќи им да ја подобрат конкурентноста и да растат побрзо“.

IFC, членка на Групацијата на Светска банка, е најголемата глобална институција за развој насочена кон приватниот сектор на пазарите во развој.

Извор: IFC