Извозот на услуги стануваат се позначаен мотор за раст на меѓународната трговија. Во изминатата 2019 година од извоз на услуги во светот се остварени приходи од 6 илјади трилиони долари, што е зголемување од 1,5% во однос на претходната година. НО, во однос на 2015 година, извзот на услуги на светско ниво е зголемен за 22,1%.
Вредноста на извезените услуги во 2019 година претставува една третина (32,5%) од вредноста на глобално извезените производи кои лани достигнаа 18,7 илјади трилиони долари.
Најголем извозен приход во 2019 година оствариле туристичките услуги во износ од 1.407 трилиони. Следат бизнис услугите со извоз вреден 1.351 трилиони долари, транспортните услуги со вредност од 1 милијарда долари, телекомуникациите со извозен приход од 655 милијарди долари и финансиските услуги, чиј извоз достигна 512 милијарди долари.
Лидер во извозот на услуги на светско ниво се САД со извоз вреден 876 милијарди долари во 2019 година. Следат Велика Британија која лани од извоз на услуги остварила 416 милијарди долари, Германија со извоз на услуги од 340 милијарди долари, Франција со извоз од 288 милијарди долари и Кина која лани извезла услуги во вредност од 283 милијарди долари.