Швајцарската логистичка групација Kuehne+Nagel објави пад од 51% на оперативната добивка во вториот квартал, бидејќи условите во индустријата се влошија поради предизвикувачкото економско опкружување. Но, од компанијата велат дека резултатите сепак ги надминале очекувањата, при што швајцарската логистичка групација забележа повисок пазарен удел во одделите за морска и договорна логистика.
Заработката пред камата и данок (EBIT) достигна 523 милиони швајцарски франци (601,70 милиони долари) во вториот квартал на 2023 година, што е намалување од 1,07 милијарди франци една година порано.
Посебната економска ситуација поврзана со пандемијата во 2021 и 2022 година продолжи да ги нарушува условите , се вели во соопштението на компанијата.
Падот на глобалната побарувачка на потрошувачите, зголемената инфлација и високите залихи ги симнаа цените на превозот од нивните пандемични височини, намалувајќи ја заработката на шпедитерите како Kuehne+Nagel.
Од групацијата Kuehne+Nagel велат дека постигнатие резултати во предизвикувачко пазарно опкружување во првата половина на 2023 година се солидни.
„Kuehne+Nagel добро се справи со транзицијата од исклучителната економска ситуација обликувана од пандемијата. Во ослабена економска средина, Sea and Contract Logistics доби пазарен удел и ја задржа заработката стабилна. Спротивно на тоа, обемот на Air Logistics се намали во голема мера во согласност со пазарот. Додека нашите тековни напори за контрола на трошоците станаа повидливи во вториот квартал, нашиот стратешки пат е непроменет со фокус високо квалитетни логистички услуги и извонредна ориентација кон клиентите“, изјави Стефан Пол, извршен директор на Kuehne+Nagel International AG.
Во првите шест месеци од 2023 година, волуменот на контејнерите за поморска логистика достигна 2,1 милиони TEU. И покрај севкупниот пад на пазарот од приближно 5%, Kuehne+Nagel Sea Logistics успеа да го зголеми својот удел на пазарот, се вели во соопштението.
Нето-прометот за морска логистика во вториот квартал достигна 2,19 милијарди швајцарски франци, што е пад од 56% во однос на претходната година, соопшти компанијата.