Novartis заедно со австриската влада ќе инвестираат 150 милиони евра во производство на антибиотици за цела Европа

Фармацевтскиот гигант Novartis, објави дека се договорил со австриската влада за заедничка инвестиција во фабриката за антибиотици која се наоѓа во Кундл, Австрија.

Вредноста на инвестицијата е 150 милиони евра во текот на следните пет години, а австриската влада ќе учествува со 50 милиони евра. Целта на оваа инвестиција е да се зголеми долгорочната конкурентност на европското производство на клучните лекови.

Во фабриката ќе се произведат најнови фармацевтски активни состојки (API) и лекови.
Австриските државни пари ќе се користат првенствено за нови технологии во производството и развојот на пеницилините, а Novartis, преку подружницата за генерички лекови Sandoz ќе се заложи за масовно производство на пеницилини и лекови за цела Еропа најмалку во наредните десет години, без оглед на конкуренцијата од Кина.

„Овој план е одличен пример за соработка на владата и приватниот сектор заедно за заштита на долгорочните интереси на пациентите во Европа и пошироко“, рече Ричард Сајнор, главен извршен директор на „Sandoz“.

„Антибиотиците се ‘рбетот на модерната медицина и нашиот објект во Австрија е центар на последниот преостанат интегриран ланец на производство за антибиотици во западниот свет. Оваа заедничка инвестиција ќе помогне да се задржи на тој начин “, додаде тој.

Novartis, кој е сопственик на словенечката фармацевтска компанија Лек, веќе минатата година објави дека престануваат да произведуваат антибиотици во фабриката во Словенија.

Фабриката на Novartis во Кундл, Австрија е последната преостаната фабрика за производство на активни состојки за пеницилини во Западна Европа. Во изминатите години заради пониските цени на производство, Кина стана водечки снабдувач на супстанци за речиси сите антибиотици.

Околу 90% од антибиотиците во САД доаѓаат од Кина. Кога KОВИД-19 за прв пат предизвика блокади на национално ниво во Кина и ja блокираше прекугранична трговија, западниот свет беше потсетен колку е неподготвен да се брани од нарушувања во снабдувањето со овие клучни лекови.

Заради преголемата зависност на САД од Кина , претседателот Доналд Трамп во последно време се погласно се залага за враќање на производството на лекови назад во САД.

Еден од потезите на администрацијата на Трамп во таа насока вклучува и четиригодишен договор од 354 милиони долари со стартапот Phlow за производство на состојки и готови генерички лекови потребни за COVID-19, вклучително и одредени антибиотици.