Сегашниот недостиг на бакар се очекува уште повеќе да се зголеми во иднина со поголемата употреба на вештачката интелигенција, предвидува рударскиот гигант BHP.

Според проекциите на BHP, вештачката интелигенција ќе ја зголеми побарувачката за бакар за дури 72% во следната деценија.

Главниот финансиски директор на компанијата, Вандита Пант за Financial Times коментира дека центрите за податоци за вештачка интелигенција ќе учествуваат со 6% до 7% од побарувачката за бакар до 2050 година. Тие центри сега учествуваат со помалку од 1%, но како што ќе се зголемува потребата од нив, така ќе расте и побарувачката за бакар.
BHP очекува глобалнaта побарувачка за бакар да достигне 52,5 милиони тони годишно до 2050 година, што е големо зголемување во споредба со побарувачката од 30,4 милиони тони во 2021 година.

Во последниве години, недостигот на бакар или како уште се нарекува црвениот метал, предизвика неизвесност за многу индустрии кои зависат од него, а експертите предвидуваат дека нерамнотежата помеѓу побарувачката и понудата ќе ги зголеми цените во наредните години. Бакарот е клучен материјал во различни економски сектори, кој се користи во сè, од стоки за широка потрошувачка до машини.

Токму во оваа позадина, глобалните резерви на бакар минатата година го достигнаа најниското ниво од 2008 година. Новите рудници за бакар не се појавуваат многу брзо и вообичаено се потребни 15 години за да се отвори еден.

Овој тренд доведе до пораст на цените на бакарот во мај, бидејќи кинескиот економското забавување помогна цените да паднат на 9.207 долари за тон. Сепак, некои аналитичари преогнозираат дека цената на бакарот може да се зголеми до 40.000 долари за тон како последица на очигледниот недостаток.

Македонија е за земја со долга традиција во рударството и со рудни наоѓалишта на бакар и злато. Според Геолошкиот завод на САД, Северна Македонија има вкупна резерва од приближно 79.030 килограми злато и 510 милиони тони бакар.
Рудникот за бакар Бучим долги години беше единствениот рудник на бакар во Македонија и голем извозник на овој метал. Како наследник на Бучим, со експлоатација на бакарната руда продолжи рудникот Боров дол, кој се наоѓа меѓу најголемите 20 извозници од земјава. Како сопственик на рудникот за бакар Боров дол фигурира Solway Investment Group со седиште во Швајцарија. (Технолошкиот процес за производство на бакар во земјава не е целосно заокружен и електролизата на бакарниот концентрат се извршува надвор од земјата.)
Според податоците од новата едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2024, која ќе биде издадена на почетокот во ноември, рудникот Боров дол е рангиран на 18 место со извоз од околу 63 милиони евра во 2023 година.

Во Македонија има и неколку проекти за злато, како проектот за злато-бакар „Иловица Штука“ во сопственост на „Еуромакс ресурсис“. Другите проекти за ископување злато и бакар што се во фаза на истражување опфаќаат две концесии за истражување што ги добија „Резервоар минералс“.