Денешните пазари во развој се економиите на иднината. Ова е прогноза на мултинационалната банка Standard Chartered со седиште во Лондон.
Според Standard Chartered, економиите во развој како Индонезија, Турција, Бразил и Египет се искачуваат нагоре по скалилата. Се проценува дека до 2030 година седум од најголемите 10 светски економии според БДП (ППП) ќе бидат лоцирани во пазарите во развој.
До 2030 година, Индија ќе биде втора по големина економија според БДП (Purchasing Power Parity) , a дотогаш ќе биде и најнаселената земја во светот (се очекува Индија да ја помине Кина во 2026 година).
До 2060 година, пак, Кина и Индија ќе создаваат 35% од вкупниот Бруто домашен производ, приближуајќи се до уделот кој го имаат САД и ЕУ.
Како посебно изненадување Standard Chartered го посочува Египет, чија економија се очекува да има да има голем раст и да биде седма најголема економија до 2030 година. Проценките на ММФ се дека Египет во следните неколку години ќе има раст на БДП (парична куповна моќ) да расте со стапка од 8% годишно.
Овие проценки и движења отвараат интересни можности за извозниците кои гледаат долгорочно на извозот и отворањето на нови пазари.