Прехранбената компанија Витаминка објави дека во првите девет месеци годинава работела со вкупни приходи од продажба од 29,4 милиони евра, кои се поголеми за 5% во споредба со истиот период лани.
Неревидираните финансиски извештаи објавени на Македонскаа берза покажуваат дека приходите од продажба на домашниот пазар, кои учествуваат со 63% во вкупните продажби, во првата половина годинава се зголемени за 12% и изнесуваат 18,6 милиони евра.
За разлика од продажбите на домаен пазар, Витаминка бележи пад на извозот од 4%. Приходите од продажба на странски пазари во првите девет месеци годинава изнесувале 10,7 милиони евра.
И покрај зголемените оперативни расходи за 10%, Витаминка првите девет месеци ги завршила со 56% поголема оперативна добивка воизнос од околу 1,8 милиони евра.
Нето добивката, пак, на Витаминка во истиот период изнесувала 377 илјади евра и е неколкукратно поголема од нето добивката остварена во истиот период лани во износ од околу 156 илјади евра.