Прехранбената компанија Витаминка објави дека изминатата година работела  со вкупни приходи од продажба од 40,5 милиони евра, што е зголемување од 2% во споредба со претхопдната 2019 година.

Неревидираните финансиски извештаи објавени на Македонскаа берза покажуваат дека приходите од продажба на домашниот пазар, кои учествуваат со 64% во вкупните продажби, во првата половина годинава се зголемени за 11% и изнесуваат 25,9 милиони евра.

За разлика од продажбите на домашниот пазар, пандемијата минатата година ги намалила приходите на Витаминка на странските пазари.
Извозот на Витаминка лани бил помал за 10% и изнесувал 14,7 милиони евра.

Оперативни расходи на Витаминка минатата година биле зголемени за 1% и изнесувале 40,7 милиони евра.

При тоа, Витаминка минатата година ја завршила со оперативна добивка од 800 илјади евра, што е раст од 2% во споредба со претходната година.

Минатата година Витаминка инвестирала 2,25 милиони евра, главно во набавка на нова опрема и градежно адаптирање.
Обврските по долгорочни кредити на компанијата минатата година се зголемени за 31%, додека компанијата во тој период не остварила нови вработувања.