Владата ги намали трошоците за регистрирање на малите винарии

Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои информацијата и даде согласност на измените на Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство, со кои се олеснуваат условите за упис во регистарот на производители на вино на физички лица и мали винарски визби, и ја намали за висината за надоместокот од 10.000 денари на 1.500 денари за винарски визби со капацитет на преработка и чување на вино до 30.000 литри годишно и 5.000 денари за винарски визби со капацитет на преработка и чување на вино над 30.000 литри.

Според информацијата на Владата, ова намалување на надоместокот нема да ги намали приходите во Буџетот на Државниот инспекторат за земјоделство, туку напротив, ќе ги зголеми заради интересот на околу 100 физички лица и мали винарии да се регистрираат во регистарот на производители на вино.