КОЛУМНА
Владимир Глигоров, Виенски институт за меѓународни економски истражувања
По финансиската криза од 2008-2009, иако не веднаш, но секако во периодот на закрепнување, извозот беше значаен извор на економски раст во Србија и соседните соседните земји. Независно дури и од тоа дали главните трговски партнери напредуваа или не.
Закрепнувањето на економиите на земјите-членки на ЕУ не беше ниту пребрзо, ниту сеопфатно. Некои земји, како што е Италија, всушност не се опоравија од кризата или барем не целосно. Сепак, растот на српскиот, македонскиот и босанскиот извоз на пазарот на ЕУ беше силен, како во однос на стоките така и вопоглед на услугите.
Бидејќи домашната потрошувачка се опоравуваше релативно бавно, извозот беше излез од кризата за балканските економии.
Зошто? Бидејќи мала економија може да снабди голем пазар затоа. Побарувачката не е ограничување за поголем извоз. Но, ограничувачки фактор е производство – има ли што да се понуди по одредена цена. На пример, значително се зголеми извозот на услуги во земји кои немаат море, но имаат конкурентна понуда за туризам. Без оглед дали се зголемуваат платите во земјите на потекло на туристите, тие ќе дојдат во поголем број доколку станува збор за понуда чија цена нема да се зголеми со масовниот прилив на посетители.
Ова особено важи за извозот на стоки. Проблемот, се разбира, е во понудата.
Во време на економска стагнација, се извезува она што инаку би се продавало дома, така што тоа е постоечка понуда која само се реализира на други пазари. Значи, извозот е ограничен со понудата, односно од количината на производи што може да се произведат.
Ако, на пример, српската економија двојно го зголеми производството за извоз, не би требало да биде тешко да се најдат купувачи.
Вистинскиот проблем е да се зголеми производството, се разбира, со потребниот квалитет и по постоечките цени. И едното и другото може да биде и е проблем за српската економија, но и на другите балкански економии. Затоа помага интернационализацијата, односно поврзаноста со странските претприемачи и производителите, но тоа е друга тема.
Еве уште едно прашање. Имено, дали може да се очекува извозот да го поттикне економскиот раст и после кризата предизвикана од пандемијата?
Не е лесно да се одговори главно затоа што не се знае како ќе изгледа процесот на нормализација во одделни држави, особено во оние што се важни за извозот од
Балканот, особено Германија и Италија.
Се прават големи напори во рамките на единствениот европски пазар дполнително да не се забавува прекуграничната трговија. Ова не мора да биде точно за трети земји, за земји кои не се членки.
Иако царинските бариери нема да се зголемуваат, тоа не мора да биде случај со нецаринските или нетрговски бариери.
Но, мислам дека овие зголемени трошоци за извоз во однос на достапноста на пазарот и времето за испорака ќе бидат релативно мали.
Поголем проблем ќе биде зголемената побарувачка на домашниот пазар. Сите земји се трудат да обезбедат средства со кои ќе се зачува како понудата, така и побарувачката кога епидемијата на еден или друг начин ќе се стави под контрола. Тука е неопходно да се разликува извозот кој е зависен од интернационализацијата на понудата, значи кога станува збор за извоз на делови или на меѓупроизводи, од извозот на готови производ.
За очекување е дека работењето за германската автомобилска индустрија, на пример во Македонија, ќе закрепнува како што ќе се опоравува и самата индустрија, но тоа не мора да биде точно за некои готови производи.
Посебно ако за него има зголемена побарувачка и дома, па така се постигнува и повисока цена.
Политиката на курсот
Ова води кон политика на курсот. Бидејќи курсевите на балканските валути генерално се фиксирани за еврото, а во некои случаи се користи и еврото, поризично е да се дозволи депресијација на курсот. За еднократна девалвација воопшто и да не зборуваме.
Така што мерките кои се носат за зачувување на економијата во време на епидемијата можат да го отежнат закрепнувањето на економијата со зголемување на извозот.
Се чини дека економските власти во многу земји во регионот имаат намера да го стимулираат економскиот раст со инвестирање во инфраструктура. Ова е секако оправдано ако се има во предвид тоа дека регионот заостанува помалку или повеќе во сите видови на инфраструктурата.
Но, ништо не е избор без да се откажете од нешто друго. Значи, можно е извозот да расте побавно, додека домашната потрошувачка ќе расте побрзо.
Ова не е однесува за економии кои во голема мера се потпираат на туризам, туку за континенталните економии.
Ако ова се покаже како точно, Србија ќе има зголемени проблеми во забрзувањето на извозот, како заради тоа што нејзината понуда не е доволно интернационализирана и затоа што зголемените јавни инвестиции ќе влијаат на апрецијацијата на реалниот курс.
А повторно, фиксниот девизен курс ќе стане сè попривлечен, како заради зголемената потреба за увоз, така и заради зголемените финансиски обврски кон странство кој одат со тоа.
Така што не би требало да очекуваме дека економија ќе се опоравува од оваа криза преку раст на извозот.
Колумната е првично објавена во Novimagazin.rs