На работната средбата одржана меѓу компаниите членки на Македонско-Германското стопанско здружение со претседателот на Владата на Република Северна Македонија,

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски на работната средба која минатата недела  се одржа со компаниите членки на Македонско-Германското стопанско здружение најавил формирање на One-Stop-Shop оддел во Владата кој ќе се грижи за странските инвеститори, нивните потреби и барања.

Како клучни темели на идната економската политика на Владата, премиерот Ковачевски ги навел задржувањето на квалификуваната работна сила во земјата и јакнење на правната сигурност за компаниите.


Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија и Македонско-Германското стопанско здружение на 31 март 2022 година организираа работна средба со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на тема: „Очекувањата на приватниот сектор од новата Влада во време на корона и енергетска криза“.

Германските компании, пак, се заложиле дека еден од главните приоритети за остварувањето на овие цели треба да биде јакнењето на ефикасноста на администрацијата.


“Јакнењето на капацитетите на администрацијата истовремено е од клучно значење за подобро искористување на државните капитални инвестиции”, вели Патрик Мартенс, Директор на Делегацијата на германското стопанство.


Компаниите членки на Македонско-Германското стопанско здружение побарале од премиерот на компаниите кои работат во технолошко-индустриските зони да им се дозволи самостојно да постават фотоволтаични системи на покривите од нивните фабрики, со што би биле ставени на исто рамниште со компаниите кои работат надвор од зоните.