Бројот на работни места во компаниите кои работат во зоните во јули е зголемен за 8% во споредба со јули минатата 2020 година

Во компаниите активни во ТИРЗ во јули е регистриран зголемен број на работни места од 8,13% во однос на истиот месец од 2020 година, како и речиси 1% повеќе во однос на јуни годинава. Во моментов во зоните работат 14 240 наши сограѓани, а се очекува ваквиот тренд да продолжи  во наредните месеци поради тоа што во дел од компаниите се спроведуваат процедури за отворање на нови работни места, а постојните инвеститори според договорите имаат обврска да отворат дополнителни 7.000 нови работни места.
Редовната месечна анализа на ТИРЗ покажува позитивен тренд и во однос на извозот и увозот. Во однос на извозот, во првите седум месеци во зоните вкупниот извоз достигна 1 милијарда и 700 илјади евра, што е за 56% повеќе во однос на истиот период лани, односно над 9% во однос на 2019 и речиси 30% повеќе од 2018 година. Само во јули извозот е 225 милиони евра. Според анализата компаниите активни во зоните учествуваат со над 45% во вкупниот извоз на државата.
Во првите седум месеци од 2021г вкупниот увоз во зоните изнесува над 1 милијарда и 767 милиони евра и е за 77% зголемен во однос на истиот период лани односно 35 % во однос 16% на 2019г, а над 58% во однос на 2018. Само во месец јули увозот во зоните достигна 232 милиони евра и е најголем во последните четири години споредено со истиот месец.

>> Нето извозниот ефект од зоните во првата половина годинава само 4 милиони евра

Поради засилените увозни активности и интензивирање на инвестициите во нови технологии, покриеноста на увозот со извозот во зоните останува речиси изедначена. Во јули 2021 нето извозот е во позитива од 0,60%.
Инаку од почетокот на годинава во ТИРЗ се склучени договори со вкупен обем на инвестиции од над 120 милиони евра кои во наредниот период треба да донесат 1970 нови работни места, над 2 милијарди приходи, а само овие компании во државата меѓу другото треба да уплатат над 70 милиони евра за придонеси и данок на добивка.

>> ТИРЗ и ИФЦ ќе им помагаат на домашните компании повеќе да соработуваат со компаниите од зоните

Овие позитивни бројки се резултат на новиот концепт на привлекување инвестиции на ТИРЗ и Владата кој се базира на анализа на 10 годишни инвестициски планови врз основа на кои се проценува капацитетот на компанијата и инвестицијата, и се подготвува индивидуализиран пакет за учество на државата.