Во првите три месеци од 2021 година преку товарниот патен транспорт биле превезени 12 милиони тони стоки, што е за 17,8% помалку во споредба со првите три месеци од пандемиската 2020 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најголем дел од превезените стоки или 9,3 милиони тони отпаќаат на националниот патен транспорт, каде се бележи најголем пад од 22,4%.
Во меѓународниот патен транспорт во периодот од јануари до март 2021 година биле превезени 2,7 милиони тони стоки, што е за 2,3% повеќе во споредба со истиот период минатата година.