Вработените од повеќе од 1.500 компании од Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово викендов добија вакцини против Ковид 19 во Белград и Ниш, објави Стопанска комора на Србија.
Акцијата за имунизација на бизнисмените од регионот беше организирана од Коморскиот инвестициски форум на земјите од Западен Балкан, а Стопанската комора на Србија заедно со Владата на Србија обезбедија 10.000 вакцини.
Пунктови за вакцинација за бизнисмени беа организирани во Белград и Ниш.
Најмногу вработени дојдоа од компании од Босна и Херцеговина и Македонија, а компаниите од Албанија дојдоа со организирани чартер летови. Околу 150 бизнисмени од Косово беа вакцинирани преку нивните партнери во Србија.
Од БиХ, меѓу другите, дојдоа бизнисмени од компаниите Аса Холдинг, ДИВ, Сарајевски кисељак, Млијекопродукт, пиварници од Бања Лука и Сараево, Бимал. Од компаниите од Македонија се вакцинираа вработени од Алкалоид, Тиквеш, Македонски Телеком, Млекара Битола, Македонија турист, Стопанска банка, Витаминка Прилеп. Од Албанија беа бизнисмени од компаниите Балфин, Џамбо, Нептун, Тирана банка, Абконс, АлбаВингс и од Црна Гора Хилтон Подгорица, Зета градње, Датум солунс и други.
Ревакцинацијата на бизнисмените од регионот е закажана за 19 и 20 јуни.