Вториот по големина производител на челик во светот, ArcelorMittal, е најновата индустриска компанија која објави дека ќе затвори делумно три фабрики во Европа поради зголемените цени на гасот и енергијата и слабата побарувачка за челик како последица на економското забавување.

Објектите со кои раководи најголемиот европски производител на челик во Бремен и Хамбург во Германија делумно ќе бидат затворени на крајот на месецот до дополнително известување, се вели во вчерашното соопштение на ArcelorMittal во петокот. Високата печка во фабриката во Астуриас, Шпанија, исто така, ќе биде неактивна.

Двете фабрики во Германија веќе работат скратено работно време, но според Арцелор-Миттал, тоа сега мора да се прошири. Краткорочното работење веќе има и во другите германски локации во Дуизбург и Ајзенхутенштад.

„Преголемиот пораст на цените на енергијата“ се наведува како причина од страна на компанијата за овој потег.

Преголемиот пораст на цените на енергијата има огромно влијание врз конкурентноста на производството на челик“, се вели во соопштението на компанијата. „Ова е надополнето со слабата побарувачка на пазарот и негативните економски изгледи и постојано високите трошоци за CO2 во производството на челик“.

Згора на тоа, од октомври наваму, ќе се воведе планираната такса на германската влада, што дополнително ќе не оптоварува“, рече извршниот директор на ArcelorMittal Германија, Рајнер Блашек.

Блашек ги повика политичарите итно да преземат акција за „итно да ги стават цените на енергијата под контрола“.

Групацијата бара олеснување за европската индустрија, на пример, со еднаква цена на индустриската електрична енергија. Може да помогне и промена во дизајнот на пазарот на електрична енергија, за која веќе се разговараше политички. Екстремно високата цена на гасот повеќе не треба да ја одредува само цената на струјата, како што е во моментов, предлагаат од Арчелор.

Топилниците на алуминиум во Европа исто така се затвораат во последните недели, поради небесно високите цени на енергијата.

Една од шест компании во Германија принудена да го намали произвпдството

Во Германија, една од секои шест индустриски компании се чувствува принудена да го намали производството поради високите цени на енергијата, покажа истражувањето на Здружението на германските комори за индустрија и трговија, ДИХК, на крајот на јули.

Речиси една четвртина од компаниите принудени да го намалат производството веќе го направиле тоа до крајот на јули, а уште една четвртина се во процес на намалување на производството поради небесно високите цени на енергијата, според истражувањето на 3.500 компании од сите сектори. и региони во Германија.

Енергетско интензивните индустрии и фирми се особено погодени, бидејќи 32% од компаниите планираат или веќе почнале да го намалуваат производството, па дури и да запрат цели производствени линии, покажа истражувањето на ДИХК.