Германците наскоро може да се соочат со поостри ограничувања, по повикот на канцеларката Ангела Меркел до политичарите. Германија веќе има заклучувања и ограничувања, но се чини дека тие немаат многу влијание, барем според официјалните статистички податоци за бројот на новозаразени..
Канцеларката Ангела Меркел сака „многу брза акција“ за да се спротивстави на ширењето на коронавирусот во Германија и тоа го побарала и на состанокот со високи претставници од нејзината партија во четвртокот.

Само „значајни дополнителни мерки“ можат да го запрат вирусот, цитираат високи членови на десноцентристичката партија на Христијанско-демократската унија.

Германија помина подобро од многу земји за време на првиот бран на пандемијата, но беше силно погодена во последните месеци.
Затворањата низ целата земја воведени во ноември 2020 година и затегнати во декември се чини дека имаа мало влијание врз спречување на ширењето на вирусот.
Институтот за заразни болести Роберт Кох изброи 1.200 смртни случаи од КОВИД-19 во текот на изминатите 24 часа – нов рекорд за земјата.
Учесниците изјавија дека Меркел е загрижена и за мутираната, многу заразна варијанта на вирусот, која неодамна се појави во Велика Британија.

Со какви нови ограничувања може да се соочи Германија?

Германскиот неделник „Шпигел“ објави дека дел од новите мерки може да вклучуваат гранични проверки и задолжително носење медицински квалитетни маски FFP2 на одредени места, повеќе работи од дома, затворање на јавниот превоз. Ова ќе бидат дополнителни мерки на досегашните мерки што вклучуваа затворање на несуштински продавници, ресторани и училишта.

Извор: www.dw.com