Германската економија ќе ги чувствува ефектите од пандемијата на вирусот корона најмалку до 2025 година, објави Институтот за истражување на вработувањето (IAB).
Стапката на економски раст ќе се намали за 0,6 процентни поени во следните пет години поради коронарната криза, се вели во извештајот.

Пазарот на трудот се соочува со долгорочен пад на бројот на вработени, за околу 200.000 до 2025 година.

Долгорочните последици од пандемијата најмногу ќе ги погодат малопродажбата, деловните услуги, угостителството, транспортот и авијацијата, предупредува IAB.

Се очекуваат позитивни ефекти во информатичката технологија, јавните услуги и фармацевтскиот сектор.

Пандемијата предизвика криза што поттикна драматични промени, се вели во Извештајот и се препорачува дека фокусот треба да биде насочен кон обука и создавање нови работни места за надминување на кризата.

Неодамнешната студија на Институтот за економски истражувања IfO покажа дека оптимизмот во клучната германска автомобилска индустрија за следните месеци значително се зајакна во февруари, по мрачниот зимски период.

Ifo индексот на очекувања на директорите за следните месеци порасна за 15,1 поен, на 37 поени, објави Институтот.
Индексот на очекувања на производството се зголеми уште посилно, на 35,3 поени.

Светла точка се производителите на автомобили, кои предвидуваат раст на извозот, и покрај пандемијата.
Сепак, тие предупредуваат дека ќе бидат потребни помалку работници за реализација на работата, затоа може да се очекуваат отпуштања.

Сепак, нивните проценки за моменталната состојба се уште се претежно негативни.