Економијата на Германија може да се врати на нивоата од пред кризата кон крајот на 2021 година, ако пандемијата од коронавирусот остане под контрола во текот на зимата и ограничувањата бидат постепено укинати во почетокот на следната година, објави економскиот институт DIW.
Германската економија ќе порасне за 5,3% през следната година, откако ќе се намали за 5,1% во 2020 година., прогнозира Институтот. Двете блокади од оваа година воведени со цел ограничување на бројот на заразени со коронавирус го погоди растот на најголемата европска економија, објави Ројтерс.
„Ако ограничувањата продолжат до пролетта, економскиот производ во Германија во текот на 2021 година може да биде за 1,5 процентни поени понизок, отколку што се очекува во пооптимистичното сценарио, се вели во соопштенитео од DIW.
Германија е веќе шест недели во делумна блокада, а германските власти најавија дека почнувајќи од 16 декември до 10 јануари се воведуваат построги ограничувања, сo кои ќе бидат затворени и сите продавници за несуштински производи, што се очекува да биде дополнителен удар врз економијата.
Последните податоци покажаа дека германскиот извоз расте послабо од очекувањата во октомври, но дека значително помогнал да се стабилизира економијата во третиот квартал која исто така имала поткрепа и од внатрешната трговија.