Германскиот индустриски сектор очекува оваа година да биде во многу подобра позиција отколку во пандемиската 2020 година, објави во понеделникот германското здружение на индустрија (BDI), потенцирајќи дека меѓу клучните фактори за тоа е побрзата вакцинација на граѓаните.
“Производството треба да „расте силно, за 8% во однос на минатата година“, рече Зигфрид Расвурм, шеф на БДИ.
Многу компании добиваат значително повеќе нарачки од почетокот на годината, истакна Расвурм на отворањето на виртуелниот саем на индустрија во Хановер.
Германската економија се очекува да порасне за 3% во 2021 година, ако ограничувањата воведени заради коронавирусот постепено се укинат до раната есен.
Меѓу клучните фактори, тој го посочи побрзото вакцинирање од страна на општите лекари и оние ангажирани од работодавачите.
BDI ги застапува интересите на 40 здруженија кои се состојат од повеќе од 100.000 компании.