Делегацијата на германското стопанство во С.Македонија врз основа на реорганизацијата на глобалните синџири на добавувачи го оптимизираат нивниот пакет на услуги и го нудат и во дигитален формат.
“Пакетот извоз на услуги од „Западен Балкан“ наменет и за македонските компании нуди скриниг на компанијата во Германија, обука на добавувачот за настап на пазарот, која опфаќа сертифицирање, царински прашања и можности за финансирање, како и експертски советувања од водечки личности од германската индустрија и германските здруженија, коишто ги оценуваат можностите на македонските/албанските/косовските компании за настап на германскиот пазар, и вршат посредување при стекнување бизнис-партнери со можност за Б2Б-средби и поддршка за саеми како и организирање на виртуелни состаноци преку вклучувањето на Augmented Reality”, вели Патрик Мартенс, од Делегацијата на германското стопанство.
За компаниите, пак, кои се со седиште во Германија од Делегацијата нудат услуга за пронаоѓање на добавувачи, којашто има за цел да ги поврзе со индустриски и софтверски компании од Северна Македонија, Косово и Албанија. “Пакетот нуди компактна анализа на секторот посредување меѓу бизнис-партнери, организирање виртуелни состаноци со вметнувањето на Augmented Reality, правно и даночно советување со детални информации за трговските услови, виртуелни конференции на добавувачи, како и истражувачки патувања”, велат од Делегацијата.