Германскиот автомобилски гигант BMW почна да произведува заштитни маски

Германскиот производител на автомобили BMW ќе започне со производство на маски за лице за да го заштити сопствениот персонал и јавноста од ширењето на новиот коронавирус, изјави извршниот директор Оливер Зипсе.

Тој рече дека BMW наскоро ќе може да произведува неколку стотици илјади маски на ден, пренесува Ројтерс.

Компанијата веќе доставила до Владата 150.000 маски од сопственитe залихи и милион медицински нараквици, а се планира да се произведат и испорачаат уште еден милион маски во наредните две недели.

BMW во понеделникот објави дека прекинот на производството во нивните фабрики ќе биде продолжен за две недели, до 30 април.

Пред неколку дена, италијанската автомобилска компанија Ламборџини информираше дека почна да произведува заштитни маски и 3Д печатени заштитни визири за медицинскиот персонал.