Фото: AFP

Во ноември, продажбата на автомобили во Германија, најголемиот европски пазар беше подобра отколку на други места во Европа, со пад од „само“ 3%, по падот од 3,6% во октомври.

Со влошувањето на кризата со вирусот, продажбата на автомобили во многу големи западноевропски земји нагло падна минатиот месец, но се чини дека состојбата е најдобра на германскиот пазар.

Според официјалните податоци на Германската федерална канцеларија за транспорт (КБА), нешто повеќе од 290.000 нови автомобили биле новорегистрирани во Германија во ноември, што е за 3% помалку од истиот месец минатата година.
Вкупно во единаесетте месеци годинава, новорегистрирани се вкупно 2,6 милиони автомобили, што е за 22% помалку отколку во споредливиот период минатата година, што укажува дека огромните падови од пролетта се уште не се надополнети.

„Пандемијата предизвика невиден пад на автомобилскиот пазар“, рече претседателот на индустријата за ВДА, Хилдегард Милер. Додавајќи дека малото закрепнување во втората половина на годината нема да може да го надополни тоа.

Годишната продажба на автомобили во Германија се очекува да достигне околу 2,9 милиони возила во Германија, околу една петтина помалку од минатата година.


Германија е најголем и најзначаен трговски партнер за македонската економија, каде е насочен близ половина од вкупниот извоз, главно поврзан со германската евтомобилска индустрија.


„Со претпазлив оптимизам гледаме на 2021 година“, додаде таа, додавајќи дека очекуваат зголемување на продажбата од 9% на 3,1 милиони возила, што сепак ќе биде далеку под нивото пред кризата.

Како и во последните неколку месеци, продажбата на електрифицирани автомобили нагло порасна во ноември, за разлика од целиот германски пазар.
Така, статистиката на KBA покажува дека во ноември се продадени 29.000 електрични автомобили со батерии и повеќе од 30.000 plug-in хибриди, што е скоро пет пати повеќе отколку во истиот месец минатата година.

Производителот на електрични автомобили Тесла, кој отвора фабрика за автомобили во близина на Берлин, е единствениот производител што продал повеќе автомобили за периодот до ноември во споредба со 2019 година, според истражувањето на КБА.

Фолксваген останува лидер во целокупниот пазар, со околу 18% од регистрациите на нови автомобили во ноември, пред германските ривали Мерцедес со 11% и БМВ со 8,5%.