Германскиот извоз ќе се намали за 15% оваа година и ќе закрепне само малку во 2021 година, соопшти германската трговска комора DHIK.
Извозот ќе се зголеми за едноцифрен процент следната година, односно за 7% ако ситуацијата значително се подобри, изјави шефот на Одделот за надворешната трговија на DHIK, Волкер Треиер.
„Во следните неколку месеци ќе доживееме само разочарувања“, вели Треиер.
Министерот за економија на Германија, Питер Алтмајер, вчера соопшти дека владата донела одлука за пакет мерки со кои ќе се олесни финансирањето на извозниците, во обидот да ја заживее индустријата која е силно погодена од пандемијата на Ковид 19.
Пакетот вклучува намалени надоместоци за т.н Хермес гаранциите на Хермес за извоз, подобрени услови за финансирање на нови извозни бизниси, како што се намалени и одложени отплати, како и подобри можности за рефинансирање за банките кои го финансираат извозот.
„Ние преземаме дел од товарот од компаниите што одеднаш и без никаква вина се соочуваат со егзистенцијални предизвици“, рече министерот за економија Алтмајер .
„Во исто време, ние создаваме нови стимулации во странство за продажба на стоки и нарачки услуги од Германија“.
Германската извозна индустрија ќе ги почувствува ефектите од пандемијата на коронавирус „многу силно“, истакна министерот и истакна дека компаниите ориентирани кон извоз, кои одеднаш се соочувале со егзистенцијални предизвици, без никаква вина треба да бидат ослободени од тој товар.
„Ги зајакнуваме германските извозници во оваа критична фаза. На крајот на краиштата, извозот е важен столб на нашата економија кој создава и обезбедува високо квалитетни работни места во Германија“, рече министерот Алтмаер
Германскиот извоз во април имаше огромен пад од 31,1% во споредба со истиот месец лани и пад од 24% во споредба со март, додека увозот се намали за 21,6%. Проценките се дека увозот на Германија годинава ќе се намали 12%, додека германската економија 2020 година ќе ја заврши со пад од 6,3%.