Во јули 2023 година, германскиот извоз е намален за 0,9%, а увозот е зголемен за 1,4% во споредба со јуни 2023 година.
Во споредба со јули 2022 година извозот е намален за 1,0%, а увозот е бележи пад од 10,2% .
Германија извезла стоки во вкупна вредност од 130,4 милијарди евра, а увезла стоки во вредност од 114,5 милијарди евра во јули 2023 година. Надворешно-трговскиот биланс покажал суфицит од 15,9 милијарди евра во јули 2023 година.
Германија е најголем извозен пазар за македонската економија, каде се пласира близу половина од вкупниот извоз на државата.
Најголем дел од германскиот извоз во јули 2023 година бил насочен во Соединетите држави. Извозот на стоки во САД е зголемен за 5,2% во споредба со јуни 2023 година, при што вредноста на извозот во САД се искачи на 13,5 милијарди евра. Извозот во Кина е зголемен за 1,2% на 8,3 милијарди евра, додека извозот во Обединетото Кралство е намален за 3,5% на 6,3 милијарди евра.
Најголемиот дел од увозот во јули 2023 година бил од Кина. Од таму биле увезени стоки во вредност од 13,2 милијарди евра, што претставува намалување од 5,8% во однос на претходниот месец. Увозот од САД пораснал за 6,1% на 7,9 милијарди евра. Увозот од Обединетото Кралство се намалил за 3,2% на 3,0 милијарди евра во истиот период.
„Трговијата повеќе не е силниот еластичен двигател на растот на германската економија како што беше“, рече Карстен Брзески, глобален шеф за макроекономија во ING.
Проблемите во синџирот на снабдување, пофрагментираната глобална економија и сè поголемата способност на Кина да произведува стоки што претходно ги купувала од Германија беа фактори кои тежат на извозот во јуни, рече Бжески.
„Не е само глобалната слабост во побарувачката што им предизвикува сè повеќе проблеми на компаниите“, рече економистот Бастијан Хеперле во Hauck Aufhaeuser Lampe Privatbank. „Тие страдаат и од ерозијата на нивната конкурентност на глобалните продажни пазари.
Со јулскиот пад на продажбата на мало и јулските разочарувачки податоци за извозот, третиот квартал за германската економија започна на многу слаба основа, што укажува дека ризикот од лизгање назад во контракција останува висок, рече Брзески.
Очекувањата за германскиот извоз благо се влошија поради слабата странска побарувачка, покажа истражувањето на Ifo во август.
„Сè додека глобалното економско опкружување останува слабо, германскиот извоз исто така ќе остане во депресија“, рече Томас Гицел, главен економист во VP Bank.