Германскиот производител на автомобилски делови Continental Automotive, кој пред две и пол години отвори Центар за истражување и развој во Нови Сад, најави проширување на својата активност во Србија.
Според инофрмациите од компанијата, кои ги објавуваат српските медиуми, до крајот на годината во Нови Сад ќе се отвори и фабрика за производство на напредна електроника за автомобилската индустрија. Станува збор за фабрика за иновативни производи и системи што ќе ги информираат возачите, а ќе се произведуваат системи за екран и камера.
“Овие се многу сложени производи, така што ќе ни требаат повеќе инженери. Во следните месеци од новата фаброла во Нови Сад ќе бидат произведени најсовремените системи за информирање во авто-индустријата наменети за Daimler, BMW, Ferari”, изјави Саша Чоринга, директорот на Continental Automotive во Србија.
Continental во Србија вработува околу 500 инженери во Центарот за развој во Нови Сад.
Почетокот на работата на Continental во Нови Сад беше проследен со остри реакции од домашната ИТ заедница, бидејќи државата му помогна на овој странски инвеститор со субвенции од околу 9,5 милиони евра.
Засега не се познати детали дали Continental ќе добие субвенции од државата и за новата фабрика која ќе ја гради.
Continental Automotive е дел од мултинационалната компанија Continental, во која се вработени околу 240.000 луѓе во 59 земји во светот.