Германската автомобилска компанија Daimler AG ќе инвестира 480 милиони евра во кинескиот производител на батерии Farasis Energy’s со цел да обезбеди стабилно снабдување со батерии за планираното зголемување на поизводство на електрични автомобили.
Двете комапнии наводно постигнале договор минатата година за Farasis да го снабдува Daimler со литиум-јонски батерии, Фarasis да изгради гради фабрика во Германија.
Farasis минатата недела доби одобрување да издаде емисија на акции.
Германскиот производител на автомобили Daimler, како и многу други глобални производители на автомобили е под притисок да ги исполни построгите стандарди за емисија на гасови во Европа и Кина, заради што планира да го засили производството на електрилчни возила. Во моментот Daimler набавува батерии од кинескиот CATL за својот електричен автомобил EQC изработен во Кина.
Производителите на автомобили се подготвени да градат подлабоки односи со производителите на батерии за управување со снабдувањето, или со инвестирање во компаниите или со потпишување долгорочни договори.
Во јануари годинава некои медиуми пишуваа дека Volkswagen е заинтересиран да купи 20% удел во кинескиот производител на автомобили Guoxuan High-tech.
Извор: Ројтерс