Главната порака од Давос: Капитализмот кој го познаваме е мртoв, потребен е нов и поодговорен систем

На јубилејниот 50-ти по ред Светски економски форум (WEF), што се одржа изминатата недела во луксузното швајцарско зимско одморалиште Давос, се собра светската бизнис и политичка елита за да разгвара за најактуелните глобални теми, како забавување на светската економија, трговските конфликти, борбата против климатските промени, геополитичката напнатост на Блискиот Исток, во источна Азија и на северот на Африка.

Светските медиуми пишуваат дека ако треба да се издвои една порака која како да преовладуваше низ сите расправи тоа е дека е потребна промена на досегашната парадигма според која се раководеше капитализмот, а тоа е дека менаџментот на компаниите е одговорен само пред своите сопственици, односно акционери.

Потребно е ново и поодговорно корпоративно управување

Промената се состои во тоа дека компаниите треба да се стремат кон повисоки цели, а не само кон обезбедување на поголем профит за акционерите.

“Капитализмот како што го познаваме е мртов. Опсесијата со максимизирање на профитот за своите акционери не доведе до неверојатни нееднаквости во општетството и глобална климатска криза”, вели Марк Бениоф, претседател на компанијата Salesforce.

Тој смета дека наместо тоа компаниите треба да ги истражат начините како да придонесат за добростостојбата на сите страни: клиентите, вработените, добавувачите, локалните заеднции и акционерите.

“Кога се обидуваат да бидат одговорни пред сите засегнати страни, не само кон сопствениците или акционерите, компаниите можат да бидат одлична платформа за промени. Добрата вест е, а мислам дека тоа е очигледна овде во Давос, дека конечно доаѓа до пресврт “, смета Бениоф.

Неговите зборови ги одразуваат јавно искажаните ставови и на многу други бизнисмени и политичари кои беа собрани на годинешниот Давос, ако идејата за капитализам кој ќе биде поодговорен пред сите засегнати страни не е баш нова.

За време на панелот наречен „Управување со компаниите во 21-от век“, Кевин Снајдер од компанијата McKinsey & Co. потсети дека за општествено одговорен капитализам се залагал и Адам Смит уште во 1776 година во неговата позната книга „Богатството на народите“.

Смит многу јасно зборувал за тоа дека деловните луѓе имаат одговорност кон заедницата за сите да имаат корист и сите да се збогатат. Мислам дека во меѓувреме помалку заборавивме на тоа “, рече Снајдер.

Тој смета дека неколку фактори придонесуваат за обновување на идејата за капитализам на сите засегнати страни, вклучително и зголемување на нееднаквоста восветот и покрај силниот економски развој, глобализацијата, новите технологии и јавната недоверба на глобалните компании.

„Кога ќе го земете предвид сето ова, добивате коктел што, според мое мислење, ни кажува: “Време е да започнеме да ги правиме работите на друг начин”, рече Снајдер.

Потребна е посилна борба против климатските промени

Друга важна тема на годинешниот форум во Давос беше борбата против климатските промени, односно пораките да се престане со инвестиции поврзани со фосилни горива и посилна борба против глобалното загревање.

Клаус Шваб, основач на Светскиот економски форум изјави дека светот се наоѓа во вонредна состојба.
“Не сакаме на идните генерации да им оставиме во наследство непријателски свет, кој станува се понесоодветен за живот”, изјави Шваб.

Иако Форумот во Давос најчесто се критикува дека е само место на кое многу се зборува, а малку од тоа се остварува, многумина сметаат дека годинешниот јубилеен 50-ти ти по ред состанок би можел да претставува симболичен исчекор кон поодржлив свет и поправеден капитализам.

На годинешниот Форум во Давос учествуваа повеќе од 3.000 учесници од преку 120 земји од светот. На самитот присуствуваа голем број на истакнати бизнисмени, активисти и научници, како и стотина шефови на држави или влади и шефови на меѓународни институции.

Министерот Димитров беше македонски претставник во Давос

Македонски претставник во Давос годинава беше министерот за надворешни работи Никола Димитров кој учествуваше како говорник на панелот „Стратегиски дијалог за земјите од Западен Балкан“.

Панелот се одвиваше во два дела, едниот посветен на последните политички случувања во земјите од Западен Балкани очекувањата за 2020 година, и вториот дел со фокус на потикнување на економскиот раст во земјите од регионот.

Министерот Димитров аргументираше дека е крајно време Северна Македонија да направи чекор напред на својот европски пат: отворање на заслужените пристапни преговори со ЕУ.

„Донесувањето на долгоочекуваната одлука за време на хрватското претседавање пред Самитот во Загреб е во интерес не само за земјата и Регионот, туку и за самата ЕУ и кредибилитетот на европската перспектива”, истакна Димитров, кој повика дека е добредојдена секоја идеја која ќе придонесе за побрз почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и која ќе ги направи преговорите поефикасни, построги и пофер, посуштински и покредибилни.