Фото: Freepik

Побарувачката за извоз на стоки во јули слабее речиси во целиот свет како последица на повисоката инфлација, растот на каматните стапки и трошоците за услуги

Обемот на светската трговија во јули падна со најбрзо годишно темпо за речиси три години. Бројките сигнализираат дека зголемувањето на каматните стапки почнува да влијае на глобалната побарувачка за стоки.

Обемот на трговијата е намален за 3,2 % во јули во споредба со истиот месец минатата година, што е најголем пад од првите месеци на пандемијата на коронавирус во август 2020 година.

Последната бројка од Светскиот трговски монитор, објавена од холандското биро за анализа на економската политика CPB, следеше по падот од 2,4% во јуни, додавајќи докази дека глобалниот раст забавува.

Побарувачката за глобален извоз на стоки ослабе поради повисоката инфлација, зголемените каматни стапки на централните банки во светот во 2022 година и поголемите трошења за домашни услуги откако економиите повторно се отворија по карантините.

Поголемиот дел од светот пријави пад на обемот на трговијата во јули.

Кина, најголемиот светски извозник на стоки, забележа годишен пад на трговијата од 1,5%, еврозоната пад од 2,5 отсто, а САД пад од 0,6%.

Показателите сугерираат дека светската трговија ќе остане слаба во наредните месеци.

Индексот на менаџери за набавка на S&P Global кој ги следи новите извозни нарачки индицира нагло намалување во август и септември низ САД, еврозоната и Велика Британија.

Аналитичарите сметаат дека високите камати за задолжување ќе продолжат да го оптоваруваат извозот.

Побарувачката за увоз на стоки кои често се купуваат со помош на кредити – како што се автомобили, мебел за домот и капитални стоки – се проценува дека најмногу би ослабнала.

Глобалната трговија ќе го следи трендот на глобалната економија, каде се проценува забавување. Покрај послабиот економски раст, трговијата е погодена и од геополитичките тензии ја погодија и трговијата.

„Геоекономската фрагментација и промената кон трговските политики кои се насочени кон внатре ќе ги намали придобивките од глобалната трговија и ќе го погоди животниот стандард, особено во најсиромашните земји и домаќинствата“, предупреди ОЕЦД.

Извор: Financial Times