Годишната инфлација во Турција се зголеми повеќе од очекуваното на 54,44% во февруари, покажаат официјалните податоци на Турскиот статистички институт објавува Daily Sabah.
Ова е највисоко ниво во последните две децении што беше поттикнато од падот на турската лира кон крајот на минатата година и повисоките цени на суровините.
На месечно ниво, индексот на потрошувачките цени (CPI) се зголеми за 4,81%.
Индексот на цените на производителите се зголеми за 7,22% на месечно ниво во февруари, што е годишен пораст од 105%, како одраз на растот на цените на суровините во заради воениот конфликт меѓу Русија и Украина.
Централната банка објави во извештајот во јануари дека очекува инфлацијата да достигне врв во мај, кога се проценува да достигне 55%.
Руската инвазија на Украина ги зголеми ризиците за уште поголема инфлација во Турција во наредните месеци поради зголемените цени на енергијата и житарките.