Американската инвестициска банка Голдман Сакс очекува цените на суровините да се зголемат за 13,5% во текот на следните шест месеци како резултат на олабавувањето на ограничувањата, пониските каматни стапки и послабиот долар.
Најголем раст се предвидува кај суровата нафта и бакарот, кои се очекува да пораснат за над 10%
Според Голдман Сакс цените на Брент нафтата можат да се зголемат до 80 долари за барел, а цените на американската WTI нафта да дојдат до 77 долари за барел во текот на шестмесечниот период.
„Очекуваме најголем скок на побарувачката на нафта досега, пораст од 5,2 милиони барели дневно во текот на следните шест месеци“, проценуваат од Голдман Сакс, повикувајќи се на забрзување на вакцинацијата во Европа и подигање на забраните за патувања.
Според Голдман Сакс цените на златото се прогнозира да дојдат до 2000 долари за унца во следните шест месеци и дека е се уште рано за Биткоин да се натпреварува со златото што се однесува до побарувачката за сигурна инвестиција.
„Додека Биткоин има корист од поголемата ликвидност, тој страда од недостаток на вистинска употреба и слаба оценка за ефектите врз животната средина, социјалното управување , поради неговата голема потрошувачка на енергија“, се вели во соопштението од Голдман Сакс.
Голдман Сакс исто така ја надгради својата прогноза за цената на бакарот. Просечната цена на метрички тон овој метал во 2021 година е 9.675 американски долари. Во 2022 година, се очекува да биде 11.875 долари, а во 2023 година, 12.000 долари. Во 2025 година, цената на еден тон бакар се очекува да достигне 15.000 долари.
Додека Кина ќе ја задржи својата голема улога во побарувачката на стоки, додаде банката, не се очекува тоа да биде единствениот голем извор на раст во следната деценија.