Под притисок на високата инфлација и растечките цени прометот во трговијата на мало во јули годинава бележи реален пад од 3,9% и номинален пад од 5,5% во споредба со истиот месец лани.
Најголем е падот на прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун реално за13%, а номинално падот изнесува 4,2% во споредба со јули минатата година, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика.
Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално бележи раст од 7.6 %, додека реално стагнира, односно има раст од само 0,5% во споредба со јули 2022 година. Трговијата со горива, пак, во јули годиава номинално бележи пад од 20,6%, а реално има раст од 5,5%.