Горивата поскапуваат уште за еден денар

Mалопродажните цени на нафтените деривати од вечерва на полноќ се зголемуваат во прoсек за 1,96%, информираат од Регулаторната комисија.

Ова практично значи дека цените на еуросупер БС-95, еуросупер БС-98, еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за еден денар за литар.

Така од полноќ цената на еуросупер БС-95 ќе изнесува 60,50 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 62,50 денари, еуродизел (Д-Е V) ќе чини 52 денари, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 41 денар за литар.

Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,510 и ќе изнесува 25,396 денари за килограм.

Од Регулаторната комисија објаснуваат дека ваквата одлука следува како резултат на зголемувањето на референтните цени на сите нафтени деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.
“Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 5,531% или за 19,550 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 5,256% или за 17,200 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 5,965% или за 19,000 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,735% или за околу 6,550 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е
извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 54,7735 ден/$ и е за околу 0,412 % повисок од курсот на доларот (54,5490 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка”, објаснуваат од Народната банка.