Новиот нацрт-закон поставен на јавна консултација од Министерството за развој има за цел олеснување на извозот на фармацевтски производи од канабис, што се прави со цел да се мобилизираат повеќе инвестиции во секторот во Грција и одмрзнување на лиценците што неколку компании ги добија за изградбата на производствени објекти.
Предлог-законот предвидува дека фармацевтски канабис производ може да се продава надвор од земјата со одобрение од локалниот регулатор, без одобрение за негова продажба во Грција, за разлика од она што важи сега. За производите наменети за извоз, нема да биде потребно мислење од Комисијата за наркотици. Сепак, за продажба на производот во Грција, постојниот правен статус кој бара одобрување од Националната организација за лекови (ЕОФ) пред да се препише на пациентите, сепак ќе важи.
За да се олесни процесот на извоз, Националната организација за лекови ќе може да одобри и лиценцира за производство на финални фармацевтски производи од канабис направени со употреба на Канабис Сатива Л со над 0,2% ТХЦ во неговите состојки. Ова е без оглед на нивната форма, се додека се наменети исклучиво за извоз за медицински и фармацевтски цели.
За издавање на дозвола за производство исклучиво за извоз, ќе треба да се достави лиценца или друг сличен документ од властите на земјата на дестинација и целосен опис на производот, додека ЕОФ мора да ја издаде дозволата во рок од 90 дена од поднесувањето на апликацијата.
Предлог-законот, исто така, дозволува производство на фармацевтски канабис во форма на пакувања на сув цвет од канабис до 30 грама, исклучиво за извоз и медицински цели, без оглед на тоа дали производот ќе се користи како финален или посреднички производ во земјата на дестинација, или како суровина за медицински / фармацевтски цели.
Меѓу одредбите на законот, постои и список на строги барања за објектите што ќе произведуваат производи со сув цвет: Тие мора да имаат дополнителни внатрешни огради за заштита на објектот, затворена неутрална зона за проверка на возилата што влегуваат и излегуваат и утврдени sидови и врати каде што ќе се чуваат суровината и крајните производи.
Извор: Ekathimerini